субота, 8. фебруар 2014.

ВИЦОВИ 56



1. Господ решил да подели по светот убави жени.
Земал еден џамбо авион и почнал. 
Америка, Германија, Франција, Чешка, Австрија,
Унгарија, Србија, и ... И кога стигнал до 
Македонија, помошникот го прашува: 
- Дедо Боже, ами тука? 
- Ти да не си луд? Нели од тука ги товаравме.

2. Трпана оди на ветеринар и докторот и вика:
- Госпоѓо, грешка сте, јас сум ветеринар, лекувам животни. Вие треба да одите во државна болница.
- Сум погрешила!? Кога се будам наутро изгледам како раскубана кокошка, на пат до работа висам како мајмун по автобусите, во фирмата работам како магаре, мажот навечер ми вели: “дојди, маче” а наутро “станувај, краво”… И вие велите дека јас сум погрешила?!

3. Ром настрадал во сообраќајна несрека и итно го носат во ургентен.
Лекарот свикува: - Сестро, инструменти!
А ромот: - Немој бре, кој ќе свири сега... Целиот сум искршен. 

4. Мирче ја прашува Мирјана:
- Душо, какво кафе сакаш?
- Би сакала да е јако, но меко, нежно и стрмоглаво да го преврти мојот внатрешен свет со нозете нагоре, да ми ги открие искушенијата на овој свет и да ми предизвика нови чувства.
- А да ти ставам јас тебе една ракија? 

5. Мујо се враќа од доктор и го сретнува Хасо:
- Што има ново?
- Ништо, бев на доктор.
- И што ти рече?
- 200 евра.
- Абе не прашувам тоа, него што имаш?
- 50 евра.
- Аман бе, те прашувам што ти фали!
- 150 евра.

6. Оди крадец во аптека и и вика на аптекарката:
- Дај ми ги сите пари!
Аптекарката му одговара:
- Без рецепта ништо не ти давам.

7.  Се враќа Хасо дома и го прашува својот брат Хусо:
- Дојде ли некој овде? 
- Да. 
- Кој? 
- Ти. 
- Идиот еден. Сакав да кажам беше ли некој овде?
- Да. 
- Кој? 
- Јас.

Нема коментара:

Постави коментар