понедељак, 10. фебруар 2014.

ВИЦОВИ 59


1. Заглавил тип во кафана дрво пијан.
Му приоѓа келнерот:
- Господине,јас се извинувам ама ние мора да затвориме.
- E рано ти текна бе откако ме утепа промаја.


2. Му вели учителот на малиот Трајче:
-Трајче, знаеш ли дека на твои години Абрахам Линколн бил петкаш?
А малиот Трајче му вели:
- А ти знаеш ли дека на твои години бил претседател на Америка?


3. За време на Втората светска војна една баба имала папагал. Дошле гермаците во куќата, а папагалот рекол:
- Смрт за Хитлер!
Германците се налутиле и и рекле на бабата да го одучи папагалот така да зборува. Следниот пат кога ќе дојдат ако пак рече така ќе ја убијат и бабата и папагалот. 
Бабата пробала да го одучи но не успеала. Отишла кај попот и му раскажала за својот проблем. Попот мислел, мислел и и понудил на бабата да си ги разменат папагалите. Поминало некое време и германските војници пак отишле кај бабата. Папагалот молчел и еден од војниците решил да го провоцира:
- Смрт за Хитлер!
- Нека бог ги слушне молитвите твои, сине мој!


4. Влегуваат во кафич Амстел, Хајнекен и Скопско. 
- Амстелот порачува Амстел. 
- Хајнекенот порачува Хајнекен.
- Скопското порачува Пепси.
Го прашуваат:
- Зошто порача пепси?
- Па кога никој не пие пиво, нема ни јас. 


5. Влегува цајкан во слаткарница и прашува:
- Кави колачиња имате?
Продавачката вели:
- Имаме разни форми и големини:
Цајканот:
- ОК, тогаш дајте ми две форми и три големини. 


6. Отишол човек на доктор да се пожали:
- Докторе,имам клаустрофобија,се плашам од затворени простории.
- А кога прв пат забележавте дека ја имате болеста?
- Сношти,тргнав накај кафаната и се уплашив дека е затворена.


7. Мајката: Сине зошто повеќе не се дружиш со оној Марко?
Синот: Ти би се дружела со некој што пие, пуши и се дрогира ?
Мајката: Не...
Синот: Па не сака ни тој.

Нема коментара:

Постави коментар