понедељак, 10. фебруар 2014.

ВИЦОВИ 57



1. Таткото го прашува синот: Пак не ја поправи оценката по математика а?
Се обидов, но дневникот беше кај наставникот. 

2. Изгубил полицаец капа, дете ја нашло и го прашало:
Чичко, чичко, ваша ли е капава?
Ма не, јас мојата ја изгубив. 

3. Инструктор советува млад возач:
- Момче, запамети го ова што ќе ти го кажам, најмногу да се пазиш од пијани возачи. Ако забележиш дека некој е пијан, веднаш запри и почекај да помине. На второ место се таксистите. Тие постојано брзаат, нагло запираат и не ги почитуваат правилата. На трето место се мотористите. Тоа се луди млади кои мислат дека се бесмртни и возат 200км/h во град.
- А жените шофери?
- Еееех, (воздивнал инструкторот) штом ме прашуваш ќе ти кажам. Жената возач е како пијан таксист на мотор.

4. Правила за возење низ Скопје:
- Никогаш не употребувајте трепкачи за да не ги збуните останатите учесници во   сообраќајот.
- Кога чекате на семафор, не мачете се да гледате во него. Почекајте ги сирените од автомобилите зад вас и тогаш може да тргнете. 
- Кога ќе тргнувате запаметете дека треба да додадете нагло гас и да зашкрипите што посилно со гумите.
- Првото паркинг-место што ќе го видите е и последно. Веднаш заземете го. -----
- Доколку ве мрзи да се паркирате, слободно оставете го вашето возилото на сред улица.
- Запаметете дека Скопје е дом на слалом возењето.
- Коге се приближувате до семафор, натемпирајте ја брзината така да поминете вие на жолто светло, не размислувајте за другите позади вас.
- Никогаш не се ни приближувајте до кола на која очигледно и треба поправка.
- Секогаш гледајте и на двете страни кога поминувате на црвено светло.
- Употребувајте ја сирената што повеќе можете, а посебно кога ќе здогледате девојка(и) со мини здолниште.
  
5. Сообраќајна полиција застанува постар господин во два часот после полноќ и додека му ги прегледува документите, полицаецот го прашува:  
- Каде сте тргнале во два часот после полноќ?
А, господинот на тоа одговара:
- Одам на предавање за последиците од претерано консумирање алкохол и  цигари, нивното штетно влијание на телото и психата, за негативните ефекти на социјалниот, друштвениот и фамилијарниот живот со посебен осврт на темата касно прибирање дома.
- Навистина?! Ау, па кој држи такво предавање во ова ниедно време?!
- Па, жена ми!
 
6. Беше тоа еден досаден ден кога никој не беше расположен за учење, пишување или писемсни работи. Но што е тука, тука е. Блажето седеше замислен и отиден со умот којзнае каде, само не на час. Наставничката им даде задача на учениците да пишуваат во Ворд писмена работа по Макеоднски јазик. Блажето наместо да пишува, си отвори Фејсбук и си напиша статус: 
- Сите пишуваат писмена работа, само јас сум на Фејсбук. После некое време, добива коментар од наставничката. 
- Ќе станиш да ја видиш единицата или сакаш да те тагирам?

7. Влегува каубоец во бар, си нарачува виски и слуша викање:
- Внимавај, ќе ти го земам коњот!
- Каубоецот, излегува надвор и почнува да пука во се што се движи.
- Влегува повторно, продолжува да пие и пак го слуша истиот глас:
-Ти реков, ќе ти го земам коњот!
- Каубоецот повторно тргнува кон втарата а зад него шанкерот извикува:
- Ало, шахисти, ај потивко овај ке го испотепа целиот град!

Нема коментара:

Постави коментар