недеља, 13. јул 2014.

ВИЦОВИ - 66



  1. Неколку дена по свадбата невестата и вика на мајка си:
    - Никогаш повеќе нема да се омажам за новинар!
    - Што се случило, ќерко? Сепак тој е убав маж.
    - Што се случило ли?! Ги објавил во весникот љубовните писма кои му ги пишував пред свадбата.
    - Не се лути ќерко, тоа треба да ти ласка.
    - Но, мамо, тој ги објавил на страницата за хумор!

  1. Се среќаваат двајца наутро.
    Едниот го прашува:
    - Што си таков скиснат?
    - Знаеш ли што сонував: Клаудија Шифер, Анџелина Џоли и уште неколку раскошни жени се тепат со мојата жена за мене!
    - И ШТО?
    - Женами победи!

  1. Се каарат мажот и жената. жената:
    - Во мојот живот сум имала само двајца вистински мажи!
    Мажот, со љубопитност:
    - А кој е вториот?
    - ... А што ти првиот да не го знаеш...

  1. Наутро маж се жали на својата жена:
    - Душо, нешто лошо спиев ноќва!
    - Кога си направил ти нешто добро.

  1. Жена се прибира во лошо расположение дома. Мажот нејзин ја прашува:
    - Зошто си вознемирена?
    - Тоа е ужасно! - Вели таа. - Кога одам по продавниците, за да ти купам подарок за роденден, пред очите ми се појавуваат само некои работи погодни за мене .

  1. Зошто плачеш, душо? Не заминувам на десет години, туку само на еден месец.
    - Те знам јас тебе! Велиш на еден месец, а ќе се вратиш по три дена.

  1. Еден човек се изгубил во шумата. Лутал ден, два, три... На четвртиот ден сретнал друг човек.
    - Братче, фала Богу што те видов, три дена како се изгубив во оваа шума!
    - И што толку се радуваш? Јас, пак, се изгубив пред еден месец!


    Нема коментара:

    Постави коментар