среда, 23. јул 2014.

ВИЦОВИ - 68



  1. Две блондинки се среќаваат на железничката станица.
    - Што правиш тука? - Прашала едната.
    - Чекам воз.
    - Кој воз?
    - Oној во 17.15.
    - Ама ти не си прочиталa, дека тој вози само во празнични денови?
    - Па да де. Денес ми е роденден.

  1. Испратиле две кучиња - Белка и Стрелка, и една русокоса во вселената на важна мисија. Од контролниот центар и се јавуваат на Белка:
    - Белка!
    - Вау-Вау.
    - Притисни го црвеното копче!
    По еден час викаат Стрелка:
    - Стрелка!
    - Вау-вау.
    - Притисни го зеленото копче!
    По три часа и се јавуваат на русокосата:
    - Ало, русокоса!
    - Вау вау?
    - Што лаеш ма? Нахрани ги кучињата и не пипај ништо!

  1. Русокоса ги чита 10-те заповеди за блондинки:
    Заповед 1: Не убивај.
    Си мисли: "Не убивам."
    Чита понатаму.
    Наредба 2: Не кради.
    Си мисли: "... и не крадам."
    Чита понатаму.
    Заповед 3: Не лажи.
    Мисли: "... хм ... нема проблем!"
    Чита понатаму.
    Наредба 4: Не врши прељуба!
    Си мисли: "Ааааа ова ќе го прескокнам ...." чита уште натаму ...
    Наредба 5: Не прескакај "Не врши прељуба!"

  1. Се вози русокоса со колата и слуша радио. По едно време на радио:
    - Вие слушате "Радио Равел"
    Русокосата со недоумица:
    - Ејјј, од каде знаат?

  1. Еј, најдов 100 грами Милка за 35 денари.
    - Со што е?
    - Со поминат рок.

  1. Трпана стои пред огладалото во спалната соба:
    - Се чувствувам дебела и ружна.
    Се врти накај Трпе и му вика:
    - Дај некој комплимент!
    - Видот ти е совршен Трпано.

  1. Маж кон жена си:
    - Толку е убаво времето, а ти си се фатила да го миеш подот. Подобро излези надвор да ја измиеш колата ..

Нема коментара:

Постави коментар