четвртак, 31. јул 2014.

ВИЦОВИ - 72

1.   Разговараат 3 плавуши:
Првата: Слушнав дека утре ќе биде 40 степени?
Втотара: Па, слушнав дека утре ќе падне снег?
Третата се мисли вели: Леле, па кој ќе чисти толку снег, на таа горештина!

2.   Плавуша вика од бањата:
- Мили дај ми шампон!
- До кадата има полно шампони!
- Да, но на нив пишува “за сува коса”, а мојата веќе, ја намокрив.

3.   Плавуша работи како секретарка во некое претпријатие. Директорот ја вика и нервозен и вели:
- Ти мори нели пред еден саат ти реков да ми донесеш кафе, тебе паметот ти е само меѓу нозе !
Другиот ден плавушата ја нема на работа директорот насекиран да не ја навредил и се јавува:
- Добро ма ти, кај си да дојдеш на работа денес ?
- Директоре денес имам излив на мозок затоа не можев да дојдам !

4.   Плавуша и црна девојка седат и гледаат вести на МТВ. Даваат некој како сака да се самоубие. Се кладеле дали ќе скокне. Црната победила, затоа што рекла дека ќе скокне.
- Виде ли? Ти реков дека ќе скокне. Ама јас знаев дека ќе скокне бидејќи сабајле ги гледав истите вести.
- И јас ги гледав - рекла плавушата – ама не знаев дека е толку глуп пак ќе скокне!

5.   Две плавуши:
- Гледаш, секоја година се раѓаат се помалку бебиња...
- Да, затоа ни опаѓа менталитетот!

6.   Плавуша, црвенокоса и црнка работеле во продавница со шефица која секогаш си оди порано од работа.
- Еј, ајде и ние да си оди порано денес, шефицата нема да дознае – рекла црнката.
Така и направиле. Затвориле дуќанот порано и си отишле од работа. Црнката отишла на шопинг, црвенoкосата на кафе, а плавушата дома и го наоѓа маж и со шефицата во кревет. Полека се искрала и се вратила на работа па си дошла дома во вообичаеното време.
Другиот ден:
- Леле, стварно беше супер – рекла црнката.
- Се согласувам, треба пак да му ја здувнеме порано - рекла црвенокосата.
- Нема шанси! Мене за малку ќе ме фатеа - рекла плавушата.

7.   И испраќа СМС бринета на плавуша:
- Еј, сакаш на кафе?
Оваа одговара со СМС:
- Извиви, немам кредит да ти одговорам.

Нема коментара:

Постави коментар