четвртак, 31. јул 2014.

ВИЦОВИ - 73

1. Скопска шмизла седнува во ресторан во Охрид и нарачува супа.
По некој 45 минути келнерот и ја носи супата.
Седи скопјанката збунета и му мафта на келнерот.
Келнерот:
- Повелете?
Шмизлата:
- Дечкооооо, супава нешо не ми одговара!
Келнерот:
- А ти шо ја праша ?

2. Влегува една госпоѓа во бутик, и ја прашува продавачката, инаку плавуша:
- Извинете, дали може да го пробам оној фустан во излогот?
- Е, нема да може, ќе мора да ја пробате во гардероба.

3. Во емисија за пороците во општеството гостин во студио, угледен психолог, и вели на водителката, инаку природна плавуша:
- Еве пример од пред некој ден. Ученичка од осмо одделение поради облог спиела со 20-мина мажи!
Водителката:
- Неверојатно! Оди во осмо одделение, а веќе се обложува!

4. Што вика плавуша кога ќе снема батерија на мобилен?
- Јави ми се ти, јас немам батерија.

5. Се паркирала плавуша на некој забутан паркинг додека била на маникир и кога се вратила – што да види.

6. Некој и го обил автомобилот и ја ограбил. 
Веднаш се јавила во полиција: Ми го украле радиото, воланот, кочниците, па дури и папучата за гас!
Полицаецот од другата страна на телефонот и одговара: Смирете се госпоѓо, патрола е веќе на пат кон вас.
Неколку минути подоцна полицаецот од патролата се јавува преку радио станицата: Ве молам занемарете го последниот повик, госпоѓата по грешка седнала на задното седиште.

7. Плавуша прв пат прави ручек и после 2-3 залчиња мажот прашува: Драга а со што го полнеше крапот?
Како тоа мислиш сум го полнела, па он не беше празен!

Нема коментара:

Постави коментар