субота, 11. јануар 2014.

ВИЦОВИ 25



  1. Филип и се жали на наставничката:
    - Наставничке нели не заслужив единица ?
    Наставничката:
    - Точно Филип, ама за жал нема пониска оцена !



  1. Ало , Баба Рада , на син ми многу му се слаби оценките.
    - Стап од дрен, три пати на ден по газот.



  1. Војник, се прибира на село облечен целосно во војничка облека. А дедо му не може да му се нарадва:
    - Бреј каков јунак! Каков борец! Што е тоа, чедо, штоти виси на појасот?
    Внукот гордо - Тоа е граната.
    - Што прави? Ора ли ,сее ли?
    - Не дедо, експлодира! Види сега клозетот во дворот.-И го разнел со гранатата.
    - Каков јунак, да беше жива сега баба ти да те види,ќе беше многу горда! - Зошто , дедо? Каде е баба? - Во клозетот беше.



  1. Прашање во контактна радио емисија ...
    - Што би значело ако жена ти има црн појас во карате ..
    Одговор од радио водителот:
    -Тоа би значело здраво семејство, воспитани деца, добра и послушна свекрва .. вљубен и ВЕРЕН сопруг !



  1. Млад пар настрадал во несреќен случај пред венчавка. Стигнале во рајот па го прашуваат Свети Петар дали може да се венчат, зошто многу се сакат. Свети Петар им вели дека досега никој се нема женето во рајот ама ако се сигурни дека тоа го сакат, да одат кај Господ.
    Отишле кај него и му кажале се, а Господ им рекол да почекат 5 години и да му се јават. После 5 години отишле кај Господ и тој им рекол да почекаат уште 5 години и да му се јават. Поминува уште 5 години и двајцата одат ка Господ, а тој им вели:
    - Може, јас частам.
    Се венчале и после некплку години почнале да се караат.
    Отишле кај Господ да се разведат а овој им вели:
    - Ми требаа 10 години да најдам поп во рајот а што мислите колку ќе ми треба да најдам адвокат???!!!!



  1. Трпе отишол во голем град и побарал соба во еден хотел.
    Директорот на хотелот почнал да му се извинува:
    - Имаме многу гости, ама ќе најдеме некако да ве сместиме. Морам да ви признаам дека сме многу ограничени......
    - Не ми пречи, ни јас не спаѓам во најпаметните.



  1. Се качил малиот Пере на дрво и сака да изврши самоубиство. Виделе неговите родители и почнале да го молат да се слези:
    - Ајде Пере слези, ќе ти купи мама се што сакаш.
    Пере: - Само еден чекор и ќе скокнам на глава.
    Повикале полиција, пожарникари и прва помош но Пере не сакал да слезе.
    Одлучиле родителите да го викнат попот. Доаѓа попот Ставре, се прекрстува и малиот Пере слегол од дрвото.
    Го прашуваат родителите: - Пере зошто се слезе кога дојде попот?
    Пере: - Овој е луд, ми рече - Слези или го сечам дрвото!

Нема коментара:

Постави коментар