четвртак, 23. јануар 2014.

ВИЦОВИ 43



1. Малиот Трпе му вика на татка си:
- Сакам да ми купиш тапанче!
- Не може, ќе ми тропаш додека гледам телевизија и читам весници!
- Нема тато ветувам, ќе тропам додека спиеш!

2. Што е поголемо од Бит пазар?
- Бајт пазар.

3. Плавуша оди на посета кај својот маж кој се наоѓа во затвор. Потоа оди кај началникот на затворот и го моли:
-    Не можете ли да му најдете на маж ми некоја полесна работа?
-    Каде полесна од тоа? Тој им лепи марки на писмата!
-    Чудно, мене ми се пожали дека копа подземен тунел.

4. Човек оди по улица и сретнува русокоса, па ја прашува:
-Иззвинете кадде е ттука школллотто за дддткање?
Се замислила русокосата на кратко, па одговорила:
- А што ќе ти е школо, супер дткаш!

5. Трпе и Цветко се сретнуваат горе и Трпе го прашува Цветко:
- Од што умре?
- Од студ. Ти?
- Јас од среќа.
- Како бе од среќа?
- Па така, вчера се вратив дома, ја гледам Трпана гола во кревет.  
Проверувам под кревет, во плакарот, на тераса, нема никој. И така од среќа си умрев.
- Абе глуп еден, да провереше во фрижидерот, сега и двајцата ќе бевме живи.
 
6. Газдата на една фирма, одлучил да му го препушти бизнисот на својот син. Син му дипломирал на еден од нашиве факултети. Првата задача му била да го намали бројот на вработените. Влегол во фирмата и почнал да ги набљудува работниците. Гледа дека сите работат освен еден, кој стоел до радијаторот во ходникот и гледал низ прозорецот. Доаѓа до него и го прашува:
- Дечко колку изнесува твојата месечна плата.
- Па околу 15.000 денари!
Синот на газдата извадил пари од џебот и му рекол:
- Еве ти 15.000 денари плата за овој месец, и еве ти уште 50.000 денари и повеќе да не доаѓаш на работа.
Дечкото ги земал парите и насмеан си заминал од фирмата. А синот на газдата, воодушевен од својата постапка се свртел кон останатите работници и им рекол:
- Вака ќе биде со секој кој нема да работи, а сега нека ми го каже името на овој вработен за да го одјавам.
Сите молчеле освен шефот кој собрал храброст и му одговорил:
- Газда тоа беше Ѓеро, работи како Пица доставувач.
 
7. Трпе му вика на Цветко:
- Ми ги украдоа сите кредитни картички!
- Аман бе? Пријави ли во полиција?
- Не, а не ни планирам.
- Зошто?
- Па оној што ми ги украл троши помалку пари од Трпана.

Нема коментара:

Постави коментар