недеља, 12. јануар 2014.

Година на Коњот


Кинеска 4712 Нова година - Година на Коњот

Кинескиот календар датира од околу 2600 година п.н.е и е базиран на астрономски набљудувања на движењето на Месечината и на Сонцето.

Кинеската лунарна година е составена од 12 месеци по 29,5 дена и за да ја следи природната соларна година на секои две и пол години се додава по уште еден месец, поради што кинеската Нова година секогаш се прославува на различен датум. Времето според кинескиот календар се смета во циклуси од по 12 години од која секоја носи име на животно. Според легендата, Буда пред да замине од Земјата ги викнал сите животни за да се прости. Само 12 животни дошле да го поздрават, за што тој како награда им посветил по една година. Првата година ја нарекол според стаорецот кој прв дошол да се поздрави, втората по волот, а по нив следуваат тигарот, зајакот, змевот, змијата, коњот, козата, мајмунот, петелот, кучето и свињата. 

Постои дилема околу сметањето на годините од кинескиот календар. Според традиционалното народно верување, времето почнало да се мери од 2698 година п.н.е што значи дека во 2014 година Кинезите ќе ја прослават нивната 4712 година - година на Коњот. 

Кинеската Нова година, позната и како Пролетен фестивал, почнува на денот на првото годишно раѓање на новата Месечина, што во Грегоријанската 2014 година ќе се случи на 31 јануари. Новогодишните празнувања траат 15 дена и завршуваат со т.н. Фестивал на лампиони. Прославата традиционално е проследена со религиозни церемонии во кои им се одава почит на Земјата и на Небото, на домашните богови и на предците. Новата година Кинезите ја пречекуваат на семејна трпеза. Целата куќа мора да биде исчистена пред новогодишните празници, кога од домот се отстрануваат сите метли, четки и други средства за чистење. Чистењето за време на Новата година се избегнува поради верувањето дека со тоа ќе биде исчистена среќата на семејството. Пред Новата година треба да бидат исплатени старите долгови, а на самиот ден ниту се бара, ниту се дава заем. Секој се труди да не изговори лоши зборови поради верувањето дека тоа носи лоша среќа, а спомнувањето на смртта или на духовите е табу. Кинезите веруваат дека ако некој плаче за Нова година, ќе плаче цела година, и затоа на новогодишната ноќ децата се толерираат максимално. Огнометите се традиција во прославувањето на Новогодишната ноќ, кога, според кинеските обичаи, вратите и прозоците треба да се остават отворени за старата година да може да си замине.

2014 е во знакот на бројот на седум, поради збирот на нивните бројки 2+0+1+4.
Бројот 7 е добар судбоносен број и ги одразува мислителите и трагачите и годината ќе биде насочена во размислување и барање на решенија и вистината.
Во кинескиот хороскоп оваа година ќе биде година во која ќе се искажува желбата за живот, авантуризам и силна самоувереност. Ни следи возбудлива година, година на можности која секој ќе може да ја зграби своите „пет минути“, ако сакаат да имаат просперитетна година.
Следните 12 месеци ќе бидат период на создавање на нови работи, оригинални идеи и проекти.

Нема коментара:

Постави коментар