петак, 17. јануар 2014.

ВИЦОВИ 39


1. Трпе се јавува во итна помош:
-Ало брза помош?
-Да, повелете.
-Син ми г'тна пенкало.
-Епа што да правиме сега ние? Нека пишува со молив.


2. Мујо го прашува Хасо:
- Хасо, сакаш ли еден ден да станеш позната ѕвезда?
- Еј остави Мујо, кој ќе свети цела ноќ.


3. Го сретнува Перо Трпе и гледа, му течат ли течат солзи.
- Брат, што мака те снајде па вака плачеш?
- Абе денес сретнав една згодна риба, и знаеш, имаше хемија меѓу нас.
- Па ти плачеш од радост значи!
- Не бе брат. Таа употреби солзавец во спреј!


4. Ја напушта Трпе болницата и си мрмори говори сам со себе:
- Риба, жаба, желка.. не не, жаба, риба.. не!
Се враќа кај докторот и го прашува:
- Докторе, што е она што јас го имам?
- Рак Трпе, ебате, рак!


5. Келнерката: Повелете?
Гостинот: Џек Дениелс!
Келнерката: Мило ми е, Трпана од Скопје.


6. Мојата жена е ептен послушна, што речам ТОПЛА ВОДА, таа ја носи.
- А што ќе ти е топла вода?
- Како што ќе ми е? Зар можам да перам садови во ладна вода?


7. Ученикот влегува 30 минути по почетокот на часот. Професорот го прашува:
- Зошто доцниш?
- За учење никогаш не е доцна професоре - одговара ученикот.

Нема коментара:

Постави коментар