четвртак, 23. јануар 2014.

ВИЦОВИ 41


1.  Си разговараат две соседки:
- Маж ми уште од петок отиде по риби. Еве два дена пројдоја, но уште го нема, можеби фатил некоја швалерка.
- Ајде ма ти, помислуваш на најлошото, можеби се УДАВИЛ човекот.

2. Си јавал еден каубој. На патот имало една дупка. Рекол:
- Јас сум каубој, ќе ја прескокнам!
Ја прескокнал. Јавајќи наишол на 3 метри долга дупка. Рекол:
- Јас сум каубој, ќе ја прескокнам!
Ја прескокнал. Јавал уште и пред него се појавила дупка долга 8 метри. Рекол:
- Јас сум каубој, ќе ја прескокнам!
Коњот се свртел и рекол:
- Ти си каубој, ти прескокни ја!

3. Прашува газдарица подстанарка:
- Каде е вашиот брат? Повеќе не не посетува како порано.
- Пронајде друга сестра.

4. Инструктор советува млад возач:
- Момче, запамети го ова што ќе ти го кажам, најмногу да се пазиш од пијани возачи. Ако забележиш дека некој е пијан, веднаш запри и почекај да помине. На второ место се таксистите. Тие постојано брзаат, нагло запираат и не ги почитуваат правилата. На трето место се мотористите. Тоа се луди млади кои мислат дека се бесмртни и возат 200км/h во град.
- А жените шофери?
- Еееех, (воздивнал инструкторот) штом ме прашуваш ќе ти кажам. Жената возач е како пијан таксист на мотор.

5. Влегува пијан тип во кафуле и вика:
Среќна Нова година!!!
Ма каква Нова година бе во февруари!
Февруари?! Леле ќе ме убие жена ми, никогаш не сум се вратил толку доцна!

6. Некое дете учи географија за на училиште па го прашува татко му:
- Татко кај се алпите?
- Појма немам сине, мајка ти вчера расчистуваше.

7. Мујо се враќа од доктор и го сретнува Хасо:
- Што има ново?
- Ништо, бев на доктор.
- И што ти рече?
- 200 евра.
- Абе не прашувам тоа, него што имаш?
- 50 евра.
- Аман бе, те прашувам што ти фали!
- 150 евра.

Нема коментара:

Постави коментар